ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ ЗА НАШИОТ МИТРОПОЛИТ ТИМОТЕЈ
Во вера, и надеж, и љубов, и кротост, и чистота, и во свештеничко достоинство побожно си поживеал, незаборавен. Затоа предвечниот Бог, Кому и Му служеше, Самиот Он ќе го всели твојот дух во место светло и прекрасно, каде што блаженствуваат праведниците, и на Христовиот суд ќе добиеш прошка и голема милост (Тропар, глас 2-ри, од свештеничко опело) Долго време се мислевме со какви зборови да го почнеме овој последен текст и …
ЛИТУРГИЈА ЗА ПРЕЧИСТА ВО ЕПИНГ
На 04. 12. 2024 година, кога го празнуваме празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот – Пречиста, во МПЦО „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јереј Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
ЗАУПОКОЕНИ ЛИТУРГИИ ВО ХРАМОВИТЕ ПРИ АВСТРАЛИСКО-СИДНЕЈСКАТА ЕПАРХИЈА
Во 23 недела по Педесетница, на 01. 12. 2024 година во храмовите при Австралиско-сиднејската православна епархија беа отслужени Заупокоени свети литургии за покој на дуѓата на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј, кој од 2013 година раководеше со Австралиско-сиднејската епархија.
ПОСЛЕДНАТА БЕСЕДА НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ
Блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј редовно ги објавуваше своите беседи на интернет страницата на Дебарско-кичевската епархија. На празникот на Соборот на св. Архангел Михаил и на другите небесни бестелесни Сили, неколку дена пред неговото упокојување, тој заради здравствените проблеми не беше во можност да служи Божествена Литургија, но неговата беседа беше прочитана на Литургијата во манастирот „Св. Наум Охридски“. Во таа беседа Митрополитот Тимотеј, помеѓу останатото вели: „Кога смртта ќе го соблече …