ВЕРОНАУКА СО ОТЕЦ ГАВРИЛ ВО ЕПИНГ
На ден 30. 05. 2024 година во просториите на Македонскиот културен центар при Македонската црковна општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг се оддржа третиот дел од предавањето „Правилно запознавање на православната вера и живеење“. На предавањето присуствуваа голем број на верници.
ВЕРОНАУКА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЗА ДЕЦА ОД ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ ВО ЕПИНГ
Во просториите на Македонскиот културен центар при МПЦО „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг секоја среда се одржува веронаука на македонски јазик за деца од предучилишна возраст.
НАЈАВА: ВЕРОНАУКА СО ОТЕЦ ГАВРИЛ
Почитувани верници, Ве известуваме дека третиот дел од предавањето „Правилно запознавање на православната вера и живеење“ ќе се оддржи утре, на 30 мај 2024 година со почеток од 18:30 часот во просториите на Македонскиот културен центар во Епинг. Сите сте добредојдени!
СВЕТИТЕЛОТ НА НАШЕТО ВРЕМЕ
Отец Гаврил од Лесновскиот манастир беше голема утеха за малубројните вистински христијански заедници (христијани со свој духовен отец, со правило за духовен подвиг, кои редовно се исповедаа и се причестуваа), кои во негово време (1971 – 1990), во Р. Македонија беа распрснати како мали оази на спас во пустината на атеизмот и христијанскиот номинализам. Гледајќи од денешна перспектива – после четврт век од неговото блажено упокојување, ако продолжиме да живееме …