Events

ПРАЗНИКОТ СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ПРОСЛАВЕН ВО НЕГОВИОТ МАНАСТИР ВО КИНГ ЛЕЈК

На 08. 12. 2024 година, во дваесет и четвртата недела по Педесетница, кога Светата Црква го празнува споменот на патронот на МПЦ-ОА, Свети Климент Охридски, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија во сослужение со свештенослужители од Руската задгранична црква во Австралија со што беше одбележана манастирската слава. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. …

ЗАУПОКОЕНА ЛИТУРГИЈА ВО ПЕРТ

На 08. 12. 2024 година, во дваесет и четвртата недела по Педесетница, кога Светата Црква го празнува споменот на светиот Климент Охридски, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, Архиерејскиот заменик, протојереј-ставрофор Станко Јовановски во сослужение на протојереј-ставрофор Милорад од СПЦ служеше Света Василиева Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Dear Believers, On 8th of November 2024, the 24th Sunday after …

ПРАЗНИЧНА ВЕЧЕРНА БОГОСЛУЖБА ПО ПОВОД ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК ВО МАНАСТИРОТ ВО КИНГ ЛЕЈК

На 07. 12. 2024, во предвечерието на празникот посветен на Свети Климент Охридски, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) во сослужение на протојереј-ставрофор Ефтим Бетински и на ерејот Климент Станковски отслужи Вечерна богослужба, со што започна торжественото празнување на манастирската слава. На богослуженито учество зеде мноштво народ.

БЕСЕДАТА НА АРХИЕПИСКОПОТ Г. Г. СТЕФАН НА ПОГРЕБОТ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ

† Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски   ЖИВОТ ВО СЛУЖБА НА БОГА И НА ЦРКВАТА Господ Исус Христос, пред Своето вознесение, обраќајќи им се на апостолите, им рекол: Се враќам кај Мојот Отец и вашиот Отец, кај Мојот Бог и вашиот Бог[2]. Знаејќи го тоа, односно знаејќи дека Богочовекот со Својата смрт ја победи смртта и се врати при Својот Отец, Светата Црква исповеда дека смртта, всушност, не е смрт, туку …