Events

СООПШТЕНИЕ ОД ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА АВСТРАЛИСКО-СИДНЕЈСКАТА ЕПАРХИЈА

На 11.01.2017 година, во просториите на „Шелдон ресепшн“ во Мелбурн, Австралија, се одржа редовно Генерално собрание на Австралиско-сиднејската епархија, под раководство на претседателот на истото, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, а на кое беа разгледани повеќе прашања од животот на Епархијата. Во продолжение ви го пренесуваме во целост соопштението од Генералното собрание. СООПШТЕНИЕ Од редовното Епархиско собрание на Австралиско-сиднејската епархија одржано на 11.01.2017 година во просториите …

Беседа по повод празникот на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан (09 јануари)

Христос се роди! Драги браќа и сестри, Денеска, нашата света Православна црква го прославува светиот архиѓакон и прв маченик Стефан. Св. ап. Павле, советувајќи го својот сакан ученик Тимотеј, во Второто послание му пишува: „Поднесувај страдања како добар војник на Исуса Христа” (2. Тим. 2, 3). Овие зборови, иако се упатени на апостолот Тимотеј, тие се однесуваат на секоја христијанска душа којашто треба да биде, во права смисла, војник Христов. …

СВ. ПРВOМАЧЕНИК И АРХИЃАКOН СТЕФАН

Нa 09.01.2017 гoдинa, нa прaзникoт нa светиoт првoмaченик и aрхиѓaкoн Стефaн, вo хрaмoт “Св. Ѓорѓи и Прес. Бoгoрoдицa” вo Епинг, Мелбурн, беше oтслуженa светa aрхиерејскa Литургија, нa кoјa чинoнaчaлствувaше Негoвoтo Висoкoпреoсвештенствo Митрoпoлитoт Дебaрскo-кичевски г. Тимoтеј, вo сoслужение нa прoтoереј-ставрoфoр Ефтим Бетински, игуменот Гaврил, прoтoерејoт Никoлa Христoски, свештеникoт Климент Стaнкoвски и прoтoѓaкoнoт Никoлче Ѓурѓинoски. Пред пoчетoкoт нa Литургијата, беше извршен чинoт нa oчистувaње нa хрaмoт. Пo зaвршувaњетo нa Литургијата, беше прекршен …

Беседа за празникот Собор на Пресвета Богородица (08 јануари)

Христос се роди! „И, навистина, голема е тајната на побожноста: Бог се јави во плот” (1. Тим. 3, 16) Драги браќа и сестри, Тоа е големата тајна на верата што ние денес ја прославуваме. На денешен ден небото се отвори и славата Господова ја осени Земјата. Ангелите Божји ја пеат песната на љубовта, мирот и добрата волја помеѓу луѓето. Денес е празник на Божјата љубов кон нас, грешните луѓе. Денес …