Events

Tрета недела од Великиот пост во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На Твојот крст се поклонуваме Владико, и Твоето свето Воскресение го  славиме!  На 19.03. 2017 година,  во Третата Недела од Великиот пост – посветена на Честниот Крст, кога се празнува споменот на светите Четириесет и двајца маченици од Амореа; блажениот Јов и светите маченици Канон таткото и Канон синот, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Света божествена Литургија. На …

Акатист во храмот „Света Петка“ – Рокдејл

На 17.03.2017 година, во третиот петок од Великиот пост, во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј – Нов Јужен Велс, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението учествуваше многуброен народ. Храбра наша Војводко победоносна, ние, слуги Твои од зло избавени, песни пофални Ти воспеваме, Богородице: но Ти Која крепост имаш непобедлива, од секоја беда ослободи не, да повикуваме: Радувај се, Невесто Неневестна!

Повечерие и веронаука во црковната општина„Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 14.03. 2017 година (вторник),  кога се празнува споменот на преподобната маченичка Евдокија; преподобен Агапиј и на преподобната маченичка Антонина во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг се одржа повечерие и час по веронаука од страна на игуменот Гаврил (Галев), протојереј – ставрофор Ефтим Бетински и јерејот Климент Станковски, старешина на храмот. На предавањето присуствуваше голем број на верен народ.

Пресвета Богородица Скоропослушница ја посети Струмица и целата нашата Татковина

За тебе се радува, Благодатна, сета твар; ангелскиот собот и човечкиот род! И како би можеле да не се радуваат земните и небесните кога Твојата појава, Пречиста, насекаде причинува радост наднебесна?! Ете, со какви умешни и благодарствени слова би можеле ние, најмалите и недостојните, да ја искажеме сета онаа радоста сесвештена што денес Ти, Преславна, ја приреди за градот Струмица и за Татковината наша? Оти, со Твојата икона света, наречена …