Events

Повторно радост за верните чеда на Австралиско – сиднејската епархија: Излезе од печат вториот број од епархиското списание „ПРАВОСЛАВИЕ“

Повторно, по милоста Божја Ве информираме дека со благослов на нашиот надлежен епархиски архиереј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј – излезе од печат веќе вториот број од епархискиот гласник на  Австралиско – сиднејска епархија при МПЦ-ОА – списанието „ПРАВОСЛАВИЕ“. Пред три месеци со особена радост и восхит го објавивме излегувањето на првенецот – првиот број, кој како што знаете беше посветен на …

Старец Јосиф Исихаст

Монаштвото познава неколкумина преподобни личности, монаси, кои во свое време оставиле неизбришлив печат во историја на  Православната Црква. Една од тие духовни вождови на монаштвото, со право можеме да кажеме дека е И преподобниот старец Јосиф Исихаст од Света Гора. Тој е препородителот И патеводителот на денешното монаштво на  Света Гора И Грција, и Америка, а ќе се осмелиме да кажеме во Македонија и Балканот па овде во  Австралија. Тој …

Успение на Пресвета Богородица во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 28. 08. 2017 година, кога го празнуваме празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Прославен празникот Успение на Пресвета Богородица во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 28. 08. 2017 година, кога го празнуваме празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.