Events

Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 10. 09. 2017 година, во 14 – тата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Мојсеј Мурин; на преподобниот Сава Псковски и Крипецки и на Соборот на сите Печерски богоугодници, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.   На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Австралиско-сиднејската епархија со голема и свечена прослава ги прослави големите јубилеи

Во Рокдејл – Сиднеј (Нов Јужен Велс) во присуство на многуброен македонски народ, гости и претставници од општествената јавност, викендов беше одржана долго најавуваната прослава, по повод големите јубилеи: „50 години од прогласувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква (17 јули 1967 – 2017)“ и „26 години од Денот на прогласувањето на независноста на Република Македонија (08 септември 1991 – 2017)“. Прославата беше централна манифестација …

Слово по повод прославата на големиот јубилеј „50 години од прогласувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија како Македонска Првославна Црква“

Почитувани екселенции, Ваше преподобие, ценети пречесни отци, драги браќа и сестри, Се собравме на овој ден да го одбележиме јубилејот 50 години од прогласувањето на МПЦ како Автокефална Црква во соборот на Едната Света и соборна и Апостолска (Православна) Црква. Воедно сакам да потсетам на уште еден голем историски ден за македонскиот народ кој што го чествуваме, а тоа е 26 години од осамостојувањето на Р. Македонија. Чест е и …

Сеќавањето на радостите – пат кон вечноста

    „Ова е најголемиот ден за Македонија! Она што ние го доживуваме сега сакале да го доживеат многу генерации. Ние сме најсреќната! Но имаме и најголема одговорност, ние треба јасно да покажеме дека сме зрел народ, кој ќе даде плодови не само за Македонија, туку и за Европа и целиот свет“ Архиепископ Охридски и Македонски г. г. МИХАИЛ (Методи Гогов)   Почитувани екселенции, Ваше преподобие, ценети пречесни отци, драги …