Events

Пристигна новиот парохиски свештеник во Црковната општина „Свети вмч. Димитриј Солунски“ во Волонгонг (Нов Јужен Велс)

Со благослов на надлежниот архиереј на Австралиско – сиднејската епархија, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј, во мисија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија на Австралиско тло, односно во Австралиско – сиднејската епархија пристигна новиот свештеник, јерејот Роберт Илијевски, кој од Охрид доаѓа на позицијата парох при Македонската православна црковна општина „Свети вмч. Димитриј Солунски“ во Волонгонг („Saint Demetrius of Solun“ – …

Божествена литургија за празникот Рождество на Пресвета Богородица во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 21. 09. 2017 година, кога го празнуваме празникот Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица), во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Прославен празникот Рождество на Пресвета Богородица во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 21. 09. 2017 година, кога го празнуваме празникот Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица), во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Претставник од Австралиско – сиднејската епархија при МПЦ – ОА се сретна со Коптскиот поглавар, Неговата светост папата г. Тавадрос II

На Австралискиот континент од неодамна во своја прва официјална работна посета се наоѓа 118-тиот Папа Александриски и Патријарх на цела Африка, на Светата Апостолска визија на свети Марко евангелистот, на Копската православна црква г. г. Тавадрос II од Александрија. Тој благоволи во вторникот, на 12. 09. 2017  година во центарот на градот Мелбурн, во просториите на Теолошкиот Православен факултет „Свети Атанасиј Велики“ да организира свечен прием, на кој покрај големиот …