Events

НОВИ МОШТИ ВО МАРКОВИОТ МАНАСТИР

Божјиот благослов на Марковиот манастир неизмерно му се дарува преку светите мошти на светители, кои по Божјата промисла го наоѓаат своето пребивалиште во светоста на манастирот на светиот великомаченик Димитриј. Духовната ризница и овој пат е збогатена со последното поклоничко патување на Игуменијата на Марковиот манастир, Илијана. На патувањето во Австралија, Игуменијата Илијана заедно со една од сестрите, го посети рускиот скит посветен на Свети Јован Крстител, каде што моштите …

Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На . 18. 06. 2017 година, во 2-та Недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на свети свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски, преподобен Теодор Пустиник, преподобен Анувиј и на блажениот Игор, кнез Черниговски и Киевски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Божествена литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На . 18. 06. 2017 година, во 2-та Недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на свети свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски, преподобен Теодор Пустиник, преподобен Анувиј и на блажениот Игор, кнез Черниговски и Киевски,   во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.  

Божествена литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На . 11. 06. 2017 година, во 1-та Недела по Педесетница (на Сите Светии), кога го празнуваме споменот на Првиот Вселенси собор; светата маченичка Теодосија Тирска; преподобната маченичка Теодосија; свети Александар, епископ Александриски; светиот маченик Нан (Јован) Солунски и падот на Цариград,   во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.