Events

ВЕЧЕН ТИ СПОМЕН, ДОСТОЈНО БЛАЖЕН И СЕКОГАШ СПОМЕНУВАН ВЛАДИКО!

Слово на Неговото Преосвештенство Епископ Антаниски г. Партениј, на заупокоената Света Литургија на Плаошник, по повод упокојувањето на Митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј, на 26 ноември 2024 лето Господово   Ваши Високопреподобија, Чесни и почитувани отци, Преподобни монаси и монахињи, Почитуван градоначалниче г. Кирил Пецаков, Возљубени верници, Драги ужалени,   Стоејќи сега, со тихование во душите и со молитва во срцата, во свештениот простор на оваа Божествена Евхаристија, каде што Небото и …

СВЕТА ЗАУПОКОЕНА ЛИТУРГИЈА ЗА БЛАЖЕНОУПОКОЕНИОТ МИТРОПОЛИТ ТИМОТЕЈ

Со заупокоена утринска Света архиерејска литургија што од изутринава се отслужува во Плаошкиот манастир „Свети Пантелејмон и свети Климент“ во Охрид, верниците од Дебарско-кичевската епархија денеска започнаа да се простуваат од упокоениот владика Тимотеј. Со литургијата чиноначалствуваше викарниот Епископ на Дебарско-кичевската епархија, Неговото преосвештенство Епископот антаниски г-дин Партениј во сослужение на бројни свештеници од Епархијата. Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј, кои беа изложени на почетокот на Светата Литургија ќе бидат …

ИНФОРМАЦИЈА ОД САС ЗА ДАТУМОТ НА ОПЕЛОТО И ПОГРЕБОТ НА БЛАЖЕНОУПОКОЕНИОТ МИТРОПОЛИТ ТИМОТЕЈ

С О О П Ш Т Е Н И Е Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), во постојан состав, на 26 ноември 2024 година одржа вонредна седница и го определи датумот за погребение на блаженоупокоениот Дебарско-кичевски Митрополит Тимотеј. Синодот определи заупокоената Света Литургија и Опелото да бидат извршени во четврток на 28 ноември 2024 година, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со …

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА

Со болка во срцата и со искрено сочувство, ја известуваме јавноста дека денеска, 25.11.2024, на споменот на Светиот Јован Милостив, се упокои во Господа нашиот возљубен архипастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.   Свештенството, монаштвото и верниот народ на Дебарско-кичевската епархија се обединети во молитвата за покој на неговата душа, со надеж на воскресение и светло блаженство. Неговиот живот и служба беа светол пример за пастирска љубов, пожртвуваност и …