Events

Сеќавањето на радостите – пат кон вечноста

    „Ова е најголемиот ден за Македонија! Она што ние го доживуваме сега сакале да го доживеат многу генерации. Ние сме најсреќната! Но имаме и најголема одговорност, ние треба јасно да покажеме дека сме зрел народ, кој ќе даде плодови не само за Македонија, туку и за Европа и целиот свет“ Архиепископ Охридски и Македонски г. г. МИХАИЛ (Методи Гогов)   Почитувани екселенции, Ваше преподобие, ценети пречесни отци, драги …

Обраќање до црковните општини во Австралија, по повод прославата на големиот Јубилеј 50 години автокефалност на МПЦ-ОА

Драги браќа и сестри,   Пред педесет години, Третиот црковно-народен собор одржан во Охрид донесе историска одлука. Поточно, донесе заклучок Светиот архиерејски синод да го возобнови автокефалниот статус на Охридската архиепископија, во лицето на Македонската православна црква. Во овој временски период, нашата света црква се развиваше на сите полиња. Се возобновија многу цркви и манастири, се отвори Богословско средно училиште и Богословски факултет. Се изградија нови епархиски центри. Се умножи …

Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 09. 09. 2017 година, кога го празнуваме споменот на преподобен Пимен Велики; на преподобен Пимен Палестински; на светиот маченик Фануриј; на свети Осија, епископо Кордобски и на светисвештеномаченик Кукша и Пимен Посник, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.   На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни и беа благословени фасилопитите.     …

Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 03. 09. 2017 година, во 13 – тата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на светиот апостол Тадеј, света маченичка Васа Солунска и преподобен Аврамиј, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.