Бадник и Божик во храмот „Свeта Недела“ во Голд Кост (Квинзланд)
На 06. 01. 2018 година, кога го празнуваме споменот на Преподобната маченичка Евгенија и другите со неа и на Преподобен Никола војвода (Бадник), во црковната општина „Света Недела“ во Голд Кост, протојереј – ставрофор Ѓорѓија Лапоски служеше Вечерна богослужба. На 07. 01. 2018 година, кога го празнуваме празникот Рождество на Господ Исус Христос (Божик), во црковната општина „Света Недела“ во Голд Кост, протојереј – ставрофор Ѓорѓија Лапоски служеше Света …
Божик во храмот „Свети Јован Крстител“ – Џилонг (Викторија)
На 07. 01. 2018 година, кога го празнуваме празникот Рождество на Господ Исус Христос (Божик), вo црковната општина „Свети Јован Крстител“ – Џилонг, старешината на храмот, протојереј Чедомир Илиевски служеше Света Василиева Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Божик во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, Мелбурн (Викторија)
На 07. 01. 2018 година, кога го празнуваме празникот Рождество на Господ Исус Христос (Божик), во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински отслужи Света Василиева Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.
Божик во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)
На 07. 01. 2018 година, кога го празнуваме празникот Рождество на Господ Исус Христос (Божик), во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Василиева Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.