Events

Божествена литургија во храмот „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 05. 01. 2018, кога Светата Црква го празнува Свети Наум Охридски; Светите десет маченици на Крит; Свети Нифонт Чудотворец, вo црковната општина „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, старешината на храмот, ерејот Роберт Илијевски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Вечерна богослужба во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 05. 01. 2018 година, во предвечерието на кога го празнуваме споменот на Преподобната маченичка Евгенија и другите со неа и на Преподобен Никола војвода, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Вечерна богослужба.  

Прославен празникот свети Наум Охридски во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

 На 05. 01. 2018, кога Светата Црква го празнува Свети Наум Охридски; Светите десет маченици на Крит; Свети Нифонт Чудотворец, , во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија. На Литургијата учество зеде мноштво народ, кој се причести со Светите Христови Тајни.

Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Никола“ во Кабрамата, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

 На 05. 01. 2018, кога Светата Црква го празнува Свети Наум Охридски; Светите десет маченици на Крит; Свети Нифонт Чудотворец, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, старешината на храмот, презвитерот Игор Младеновски, служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Верниот народ му посака топло добродојде и успешна мисија во Кабрамата.