Events

ПРАЗНИЧНА ВЕЧЕРНА БОГОСЛУЖБА ПО ПОВОД ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК ВО МАНАСТИРОТ ВО КИНГ ЛЕЈК

На 07. 12. 2024, во предвечерието на празникот посветен на Свети Климент Охридски, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) во сослужение на протојереј-ставрофор Ефтим Бетински и на ерејот Климент Станковски отслужи Вечерна богослужба, со што започна торжественото празнување на манастирската слава. На богослуженито учество зеде мноштво народ.

БЕСЕДАТА НА АРХИЕПИСКОПОТ Г. Г. СТЕФАН НА ПОГРЕБОТ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ

† Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски   ЖИВОТ ВО СЛУЖБА НА БОГА И НА ЦРКВАТА Господ Исус Христос, пред Своето вознесение, обраќајќи им се на апостолите, им рекол: Се враќам кај Мојот Отец и вашиот Отец, кај Мојот Бог и вашиот Бог[2]. Знаејќи го тоа, односно знаејќи дека Богочовекот со Својата смрт ја победи смртта и се врати при Својот Отец, Светата Црква исповеда дека смртта, всушност, не е смрт, туку …

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ ЗА НАШИОТ МИТРОПОЛИТ ТИМОТЕЈ

Во вера, и надеж, и љубов, и кротост, и чистота, и во свештеничко достоинство побожно си поживеал, незаборавен. Затоа предвечниот Бог, Кому и Му служеше, Самиот Он ќе го всели твојот дух во место светло и прекрасно, каде што блаженствуваат праведниците, и на Христовиот суд ќе добиеш прошка и голема милост (Тропар, глас 2-ри, од свештеничко опело) Долго време се мислевме со какви зборови да го почнеме овој последен текст и …

ЛИТУРГИЈА ЗА ПРЕЧИСТА ВО ЕПИНГ

На 04. 12. 2024 година,  кога го празнуваме празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот – Пречиста, во МПЦО „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јереј Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.