Во организација на Управата на МПЦО „Света Недела“ во Голд Кост (Квинзланд) беше организирана играорна група, која секој петок со почеток во 18:00 часот ќе се состанува и ќе има проби и тренинзи во просториите на салата при храмот.
Групата е отворена за нови членови, а членарината е бесплатна. Исто така, освен децата се покануваат и сите возрасни на вечера, пијалок, дружба и забава.
На 30. 03. 2018 Македонската играорна група во 18:00 часот во просториите на црковната сала одржа тренинг. За сите присутни беше организирана вечера, а за децата имаше чоколадни изненадувања.
Децата, кои членуваат во Македонската играорна група со нетрпение го очекуваат големиот празник Воскресение Христово – Велиден – кога ќе го имаат својот настап за време на богатата културно уметничка програма. А до тогаш ги очекуваме новите членови. Секој петок – сите сте добредојдени!
Известува:
Лазар Спировски