Зошто истите луѓе што Го внесуваат и дочекуваат во слава Богочовекот Христос во Ерусалим (види: Матеј 21, 1–11), по само неколку денови на најразлични начини се одрекуваат од Него? (види: Лука 23, 1–25).
Од истата причина како и ние денес – со таа разлика што за нив има некакво оправдување, а за нас нема никакво.
Причината е заробеноста на нашето срце од страстите, поистоветувањето со овосветските форми на самочовечко здружување (држава, нација, партија) – наместо пастирскиот пристап кон истите, па сѐ до опиеноста, како и зависноста од овој свет и неговите минливи убавини.
Причината е, најјасно кажано, нашата желба за „царство овоземно”, наместо Царство Небесно.
Нели го забележуваме тоа суптилно тежнеење внатре во нас, почнувајќи од себе и од нашето најтесно семејство, па сѐ до најшироката заедница, да создадеме некакво „земно царство” на сладости – и тоа по наша мерка; и нели забележуваме дека колку повеќе се трудиме, толку повеќе тоа „земно царство” е сѐ подалеку и подалеку од нас?
Не напразно Богочовекот Христос рекол:
барајте го најнапред Царството Небесно и сѐ друго ќе ви се додаде (види: Лука 12, 31).
Црквата Христова и нејзините верни служители не проповедаат и не нѐ подготвуваат за „царство земно“, туку за Царство Небесно.
До тоа Царство Небесно, кое е, пред сѐ, внатре во нас (види: Лука 17, 21), се влегува на два начина: или преку волев подвиг на очистување на срцето од страстите – кога Божјата благодат на Крштението ни го покажува местото на срцето каде што нашиот ум треба аскетски, а потоа и благодатно да се соедини со својата суштина и преку неа со Бог; или преку трпение – со благодарност за неволните страдања што Божјата промисла ги допушта во нашиот живот заради наше спасение.
Главно на овие два начина, иако има и други комбинации, во зависност од степенот на духовниот раст на кој се наоѓаме.
Оние што преку овие доброволни подвизи, во послушание, ќе го пронајдат Царството Небесно внатре во себе, преминуваат од смрт во живот – уште сега, и на Суд нема да излезат.
Пресвета Богородице, спаси нe!
Why is it that the same people who welcome in glory the God-Man Christ in Jerusalem, (Matthew 21; 1-11) after only a few days for various reasons, deny Him ? (Luke 23; 1-25)
It is also true for us today, however the difference being that there may be some kind of justification for them, but there is no justification for us.
The reason is our heart is held captive by passions, our relation with the worldly forms of self-identity (state, nation, party) instead of the pastoral approach to these issues.
The reason is fascination, as well as the dependence on this world and its passing beauty.
The reason, most plainly said , is our desire for “kingdom of earth” instead of the Kingdom of Heaven.
Don’t we notice this subtle intent within us, starting with ourselves and our most close family, to the widest community, to create a kind of “earthly kingdom” of pleasures – pleasures to our own measure; and, don’t we notice that the more effort we put in, the more the “earthly kingdom” is farther and farther away from us?
It is not in vain that the God-Man Christ said:
First seek the Kingdom of Heaven, and everything else shall be added to you ( Luke; 12, 31).
The Church of Christ and its faithful servants do not preach and do not prepare us for “the kingdom of the earth,” but for the Kingdom of Heaven.
To this end, the Kingdom of Heaven, which, above all is inside us (Luke; 17, 21), there are two ways to enter: either through a willful struggle to purify the heart from the passions – when God’s grace of baptism shows us the place of the heart where our mind needs ascetically and then gracefully to unite with its essence and through it with God; or through patience – with gratitude for the unwanted sufferings that God’s providence allows in our lives for our salvation.
These are the two main paths by which we can enter the Kingdom of Heaven, although there are other combinations, depending on the stage of spiritual growth we are at.
Those who voluntarily undertake these struggles, in obedience, will find the Kingdom of Heaven inside themselves, pass from death to life – even now, and they will not be called to the Last Judgment.
Holy Mother of God, save us!