
На 23. 03. 2018, во петокот од четвртата седмица на Великиот пост, во предвечерието, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Архимандритот Гаврил (Галев) во сослужение старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица.
На богослужението присуствуваше верниот народ, кој и принесе благодарствени молби на Богомајката. Народот принесе и приноси – петолебие.