На 07. 05. 2017 година, во 4 Недела по Воскресение (на Раслабениот), кога го празнуваме споменот на светиот маченик Сава Стратилат; преподобна Елисавета; светите маченици Пасикрат и Валентин; преподобен Тома Јуродив; светите маченици Лука и Никола, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.