На 09. 12. 2017 година, кога го празнуваме празникот свети вмч. Георгиј, односно споменот од Осветувањето на храмот на свети вмч. Георгиј во Киев (1051-1054), во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија со што беше прославена славата на храмот.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата имаше заедничка трпеза и дружење во просториите на храмот.