На 17. 05. 2017 година, кога го празнуваме споменот на светата маченичка Пелагија Тарсиска; светиот свештеномаченик Силуан, епископ Гаски; преподобен Никифор, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија.
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј, Митроплит Дебарско – Кичевски и Администратор Австралиско- Сиднејски, отец Гаврил ја отслужи својата прва литургија во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, кој е најстариот македонски манастир на Австралискиот континент и дијаспората.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.