Света Божествена Литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 04. 02. 2018, во Неделата на блудниот син, кога Светата Црква ги празнува Собор на руските новомаченици и исповедници; Светиот апостол Тимотеј; Преподобниот маченик Анастасиј, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

 

Поука на денот: Свети Серафим Саровски

Бог е оган, кој ги затоплува и разгорува срцата. Кога во нашите срца го чувствуваме студот што доаѓа од демонот, – бидејќи демонот е студен, – да Го призовеме Господа и Он ќе дојде и ќе го затопли нашето срце со љубовта кон Него и кон ближниот. И пред топлината на Неговото лице, ќе биде истеран студот на непријателот.