На 11. 02. 2018, во Неделата на Страшниот суд (Месопусна), кога Светата Црква го празнува споменот на Пренос на моштите на Светиот свештеномаченик Игнатиј и Светите маченици Роман, Јаков, Филотеј, Иперихиј, Авив, Јулијан и Паригориј; Преподобен Лаврентиј Печерски, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.