На 11. 02. 2018, во Неделата на Страшниот суд (Месопусна), кога Светата Црква го празнува споменот на Пренос на моштите на Светиот свештеномаченик Игнатиј и Светите маченици Роман, Јаков, Филотеј, Иперихиј, Авив, Јулијан и Паригориј; Преподобен Лаврентиј Печерски, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.