На 31. 12. 2017, во неделата пред Рождеството на Господ Исус Христос (на светите Отци), кога Светата Црква го празнува светиот маченик Севастијан и др, св. Модест Ерусалимски, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија.
На Литургијата учество зеде мноштво народ, кој се причести со Светите Христови Тајни.