На 16. 07. 2017 година, во 6– тата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на светиот маченик Јакинт, свети Анатолиј, патријарх Цариградски, преподобен Александар и на свети Исаија Отшелник, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.