На 28. 08. 2017 година, кога го празнуваме празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), вo црковната општина „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, протојереј – ставрофор Љубомир Милошоски во сослужение со старешината на храмот, протојерејот Александар Ивановски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.