Си се вознел во слава, Христе Боже наш,
и си ги зарадувал учениците
со ветувањето на Светиот Дух,
а со благословот си ги уверил
Дека Ти си Син Божји,
Избавителот на светот.
На 25. 05. 2017 година, кога го празнуваме празникот Вознесение Христово – Спасовден, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света божествена Златоустова литургија.
На Литургијата учествуваше верен народ, кој се причести со Светите тајни.