
На 28. 05. 2017 година, во 7–тата Недела по Воскресение (на Светите Отци на I Вселенски собор ), кога го празнуваме споменот на преподобниот Пахомиј Велики, на светиот Ахил, епископ Лариски, на преподобниот Силуан, како и на новоканонизираниот светител – светиот Гаврил Светогорец, епископ Велички, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.