На . 18. 06. 2017 година, во 2-та Недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на свети свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски, преподобен Теодор Пустиник, преподобен Анувиј и на блажениот Игор, кнез Черниговски и Киевски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.