На 27. 09. 2017 година, кога го празнуваме празникот Воздвижение на Честниот Крст (Крстовден), и споменот на светата царица Плакила; на преподобниот маченик Макариј Солунски и на преподобната Марија Тарсиска, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
На Твојот крст се поклонуваме, Христе, и твоето свето воскресение го воспеваме и славиме. Зашто Ти си наш Бог, и освен Тебе, друг не познаваме, и со Твоето име се именуваме. Дојдете сите верни, да се поклониме на светото Христово воскресение, зашто, ете – преку крстот дојде радост за целиот свет. Секогаш, благословувајќи Го Господа, да го воспеваме Неговото воскресение, зашто Он, откако претрпе распнување, смртта ја разруши со смрт.
We worship Thy cross, O Christ, and Thy holy Resurrection we hymn and glorify; for Thou art our God, and we know none other beside Thee, and we call upon Thy name. O come, all ye faithful, let us worship Christ’s holy Resurrection, for behold, through the Cross joy hath come to all the world. Ever blessing the Lord, we hymn His Resurrection; for, having endured crucifixion, He hath destroyed death by death. Thrice.