Светиот апостол Павле им пишува на Коринтјаните : Јудејците сакаат знаци, а Елините бараат мудрост, додека ние Го проповедаме Христа Распнатиот, Кој за Јудејците е соблазна, а за Елините безумство ( Кор. 22/23 )
Крстот Христов е знак и мудрост. Знак и мудрост на божественото учење со кое се победува деструкцијата што во светот и луѓето ја внесува гордоста и нејзината најманифестирана димензија : гревот.
Формалното означување со крстниот знак не значи ништо друго, силата му ја дава нашата вера соединета со Спасителот.
Внимание се обраќа и на надворешниот знак на крстот, а изостанува молитвениот миг, кој што е темел на силата на крстниот знак.
Само молитвениот миг го соединува знакот со твојот дух и со Бога, правејќи спасително, односно сплотено Тројство. Само таквото ја има моќта на чудотворството, зашто во себе ги апсорбира божествените енергии.
Затоа, кога ќе се крстите, молете се – токму на Отецот и Синот и Светиот Дух, а крстете се во секоја пригода.
Каде што е крстот Христов – тука е и Он, а каде што е Господ – немоќни се силите на злото.