Кој ни е ближен? – Свети Јован Кронштадски

 

Ближен треба да го сметаме секој човек, кој и да е, макар и непријател, а особено кога му е потребна помош. Заради стекнување на вечен живот треба да се почитуваат двете најважни заповеди – љубов кон Бога со сето срце и кон ближните.

Да се љуби ближниот како себе, значи да се почитува како себе, ако тој, сепак е достоен за тоа. Да не се мисли за него недостојно и ниско, а тој не дал повод за такво нешто, да не се чувствува кон него никаква злоба, да не му се завидува, туку секогаш да се биде добронамерен, да се биде толерантен кон неговите недостатоци и слабости, да се покриваат неговите гревови со љубов, како што сакаме другите да ги толерираат нашите недостатоци.

ОДНЕСУВАЈТЕ СЕ ЕДЕН КОН ДРУГ СО ЉУБОВ – вели апостолот – НЕ ВРАЌАЈТЕ ЗЛО ЗА ЗЛО, ИЛИ ХУЛА ЗА ХУЛА (1. Петр. 3,9).

ЉУБЕТЕ ГИ НЕПРИЈАТЕЛИТЕ СВОИ, БЛАГОСЛОВУВАЈТЕ ГИ ОНИЕ ШТО ВЕ КОЛНАТ, ПРАВЕТЕ ИМ ДОБРО НА ОНИЕ ШТО ВЕ МРАЗАТ (Матеј 5,44).

АКО НЕПРИЈАТЕЛОТ ТВОЈ Е ГЛАДЕН, НАХРАНИ ГО; АКО Е ЖЕДЕН, НАПОЈ ГО (Рим. 12,20).

Да се љуби ближниот како себеси значи да се моли за живите и за мртвите, за роднините, за познатите и непознатите, за пријателите и за непријателите – сеедно, како за себе, и да им се посакува само добро и спасение на душата, колку и на себе.