Излезе од печат третиот број од епархиското списание „ПРАВОСЛАВИЕ“

Повторно, по милоста Божја Ве информираме дека со благослов на нашиот надлежен епархиски архиереј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј – излезе од печат веќе третиот број од епархискиот гласник на  Австралиско – сиднејска епархија при МПЦ-ОА – списанието „ПРАВОСЛАВИЕ“.

Овој трет број на црковниот гласник е посветен на големиот исихаст Свети Григориј Палама, архиепископот Солунски.

Во овој број ќе читате:

 

1 – Предговор:

 

До читателите на списанието „Православие“ – Епархиски црковно-просветен совет (ЕЦПС)

2 – Беседа:

 

Беседа за постот и молитвата – Свети Григориј Палама

Беседа во 2 Недела од Велики Пост – На Свети Григориј Палама – Митрополит г. Тимотеј

 

3 – Догматика:

 

Божјата суштина и дејства

 

4 – Литургиско богословие:

 

За постот и причестувањето – Патријарх Српски Павле

On Fasting and Communion – Serbian Patriarch Pavle

 

5 – Современо богословие:

 

„Капиталот“ на благодатта се споделува – Презвитер Горан Стојчевски

Asceticism and the Consumer Society – Metropolitan Jonah

 

6 – Житија на светиите:

 

Свети Григориј Палама (живот и дело) – Архимандрит Гаврил (Галев)

Свети апостол Филип и свети цар Јустинијан – Протојереј – ставрофор Ефтим Бетински

 

7 – Поука:

 

Клуч за разбирање на православниот духовен живот – Митрополит Струмички г. Наум

A Key to Understanding the Orthodox Spiritual Life – Metropolitan of Strumica g. Naum

Кој ни е ближен? – Свети Јован Кронштатски

 

8 – Детско катче:

 

Молитвата е штит и оружје на душата – Силвана Горгиев

 

9 – Црковна историја:

 

Улогата на Јустинијан Први во континуитетот на организираниот црковен живот во Македонија – Митрополит Струмички г. Наум

Македонците во Австралија дадоа голем влог во афирмацијата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија – Митрополит г. Тимотеј

Македонската православна црква не е „нова“ црква – Архимандрит Гаврил (Галев)

The Macedonian Orthodox Church is not a new Church – Father Gabriel (Galev)

Сеќавање на радостите – пат кон вечноста – Др. Ананија Ананиевски

 

10 – Репортажа:

 

Значењето и историскиот развој на манастирот „Свети Леонтиј“ – Вочоча – Архимандрит Гаврил (Галев)

 

 

11 Вести и настани:

 

Австралиско – сиднејската епархија со голема свечена прослава ги прослави големите јубилеи – Одбор за организација на свечената прослава

Канонизиран за светител – преподобниот архимандрит Јоаникиј од Ракотинци – др. Ананија Ананиевски

Централна прослава во Охрид по повод големиот и значаен јубилеј 50 години возобновена автокефалност на Охридската архиепископија како Македонска Православна Црква

Игуменот Гаврил (Галев) беше произведен во Архимандритски чин

 

12 – МОYA:

 

Moya Seminars, Throughout the Years – Daniela Zatarkoska

 

13 – Прашања и одговори:

 

Кое е значењето на молитвата, зошто и како треба да се молиме? – Архимандрит Гаврил (Галев)

What is the meaning of the prayer, why and how we have to pray? – Father Gabriel (Galev)

 

Ви посакувамe духовно насладување и просветление, читајќи го третиот број на „Православие“. Нека овој наш скромен труд биде во наследство и чест на светиот Гргориј Палама.

Списанието е бесплатно и можете да го најдете во сите храмови на Австралиско – сиднејската епархија, како и на  веб – страната на епархија (http://mpcaus.org).

Повеќе информации за списанието, како и сите Ваши забелешки, коментари, критики, пофалби да ни ги испраќате на pravoslavie@mpcaus.org. Некои од нив ќе бидат и јавно објавени.

„Православие“ претставува православно списание, кое сoдржи најразлични современи духовни теми, кои се поврзани со православната вера, култура и образование, кои се најнеопходни во црковната мисија за просветлување на православниот човек во Австралија. Исто така списанието содржи најнови вести од епархискиот живот. Тоа е плод на веќе низата проекти на Епархискиот црковно – просветен совет при епархијата.

На крај, на Редакцијата на списанието „Православие“ им честитаме и им посакуваме уште плодна и успешна работа во иднина.

 

Со почит,

Епархиски црковно – просветен совет (ЕЦПС)