На 10. 11. 2017 година, кога Светата Црква го слави споменот на светата Параскева Икониска, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Струмички г. Наум во сослужение на Неговото Високопреосвештенство митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф и на надлежниот епархиски архиереј на Кумановско – осоговската епархија, Неговото Високопреосвештенство митрополитот г. д-р Јосиф служеше Бдение со Света Златоустова Литургија во манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Куманово.
На Божествената Литургија, во Архимандритски чин беше произведен Игуменот на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк (Мелбурн), отецот Гаврил (Галев), а верниот народ кој со своето Достоин го потврди ова ракопроизведување се причести со Светите Христови тајни.
Информативната служба при Австралиско – сиднејската православна епархија, од свое име, од името на целата Епархија, од чесното свештенството и верниот народ на Високопреподобниот Архимандрит Гаврил (Галев) му го честита новиот чин и му посакува уште многу успеси во мисијата на Македонската православна црква на Австралискиот континент.