На 06. 05. 2017 година, кога го празнуваме споменот на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јереј Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија, со што беше одбележан храмовиот празник.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.