Простување – Митрополит г. Наум / Forgiveness – Metropolitan Nahum of Strumica

Да не должиме многу, работите се многу едноставни: оној што им простува на сите што му згрешиле, па дури и на своите најцрни непријатели, има Божја благодат во себе; а оној што нема да му прости и само на еден човек, па бил тоа и најцрниот непријател, има демон во себе. Простувањето е сведоштво за присуството на благодатта Божја, а непростувањето е сведоштво за заробеноста од демонот.

Речиси истото важи и за барањето прошка. Оние што се на вториот степен од духовниот развој, просветлувањето на умот, и да „сакаат“, не можат да не простат. Тоа би значело моментално затворање на срцето за умно-срдечната молитва. Оние што се наоѓаат на првиот степен, чистењето на срцето од страстите, водат борба со самите себе аскетски, на дело, да простуваат и да бараат прошка.

Ова е задача на сите оние што се подвизуваат во послушание, на степенот на чистење на своето срце од страстите. Нивниот подвиг е сè уште аскетски, затоа што со разумот и со верата сфаќаат дека треба да простуваат и се принудуваат себеси да простуваат, иако тоа во тој момент не го чувствуваат. Исто така, аскетски бараат и прошка.

Ви зборувам за реално простување, а не за фантазија. Реално простување се случува кога се молиме за оној што нè повредил (или, што најчесто е така, поради високото мислење за самите себе мислиме дека нè повредил); кога не го озборуваме, судиме и осудуваме тој што нè повредил; и кога на дело му помагаме, му чиниме добро и на секој начин гледаме како да се простиме и смириме со оној што нè повредил.Но, како простувањето и барањето прошка да ни стане освестен подвиг, а не само подвиг што го правиме со вера и послушност кон Евангелието? Станува освестен подвиг кога ќе осознаеме дека критериум на нашата вина се Богочовекот Христос и Божјата правда, а не човекот и човечката правда. Што значи тоа во пракса? Кога некој ќе нè повреди, ние во тој момент не размислуваме за оправданоста или неоправданоста на неговата постапка, туку нашето внимание е свртено кон тоа дали нашите мисли, зборови и дела во тој момент се согласни со Христовите или не!? Дали во мојот ум и срце се случува истото тоа што и во Христовиот ум и срце при таков случај? Дали постапувам исто како и Христос што постапува со оние што Го повредуваат? Секако, не! Секако, бескрајно сме далеку од тоа! Па, ете од каде произлегува нашата вина, па дури и вината на оние што се на степенот на обожение, а не од оправданоста или од неоправданоста на повредите што другите ни ги причинуваат… Па, ете каде се наоѓа и неисцрпниот извор на нашето покајание… Затоа никогаш, ама во ниту еден единствен случај немаме оправдување кога не бараме прошка и кога не простуваме!

 Дај Боже да го достигнеме и степенот на обожение и да дознаеме што значат и зборовите на светиот апостол Павле: „Јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене“ (Гал. 2, 20) – Христос, Кој на Крстот го вели она, за нас уште непоимливо, но сигурно есхатолошко и сигурно спасително, дури и за оние што во последен момент ќе се покајат и ќе побараат прошка: „Оче, прости им, не знаат што прават…!“ (Лука 23, 34).

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум


Let’s go straight to the point, it is clear and simple: the one who forgives all who have transgressed against him, and even his fiercest enemies, has the grace of God in himself; and the one who will not forgive even a single man, although he is his worst enemy, has a demon in himself. Forgiveness is a testimony for the presence of the grace of God, and unforgiveness is a testimony for the captivity by the demon.

Almost the same applies about asking for forgiveness. Those who are at the second stage of the spiritual development, the illumination of the mind, even if they “want to” not to forgive, they cannot. This would mean an immediate closing of the heart for the prayer of the mind in the heart (ceaseless prayer: “Lord Jesus Christ, have mercy on me”). Those who are at the first level, purifying  the heart from the passions, fight the battle with themselves, ascetically, in action, to forgive and ask for forgiveness.

This is the task of  all of those who ascetise in obedience, on the level of the purification of their hearts  from the passions. Their struggle is still ascetic, because with the reason and the faith they understand  that they should forgive and force themselves to forgive, although they do not feel that way at that moment. Also, in an ascetic way (forcing themselves) they ask for forgiveness.

I’m talking about real forgiveness, not fantasy. Real forgiveness occurs when we pray for the one who has hurt us (or, most often, because of the higher opinion about ourselves, we think someone transgressed against us); when we do not gossip, judge and condemn the one who has hurt us; and when we help him, we do good to him and in every way we look for the ways to forgive each other and to make peace with the one who transgressed against us.

But how can forgiveness and asking for forgiveness become a conscious struggle, and not just a struggle that we do by faith and obedience to the Gospel? It becomes a conscious struggle when we realize that the criterion of our guilt is the God-Man Christ and God’s justice, and not man and human justice. What does this mean in practice? When someone hurts us, at that moment we do not think about the justification or unjustification of his actions, but our attention is focused on whether our thoughts, words and deeds are in agreement with Christ at that moment or not! Is the same thing happening in my mind and heart that it is in Christ’s mind and heart in such a case? Do I act the same way as Christ acts with those who hurt him? Surely, not! Indeed, we are far away from that! That is where our guilt comes from and even the guilt of those who are at the level of deification, not the justification or the unjustification of the pain that others cause us … Well, that is the heart of the inexhaustible source of our repentance … Therefore never, not even a single case, we have no excuse when we do not ask for forgiveness and when we do not forgive!

May God grant us to reach the level of deification and find out what the words of the Holy Apostle Paul mean: “I no longer live, but Christ lives in me” (Gal 2: 20) – Christ, who says on the Cross, for us still incomprehensible but surely eschatological and surely for our salvation, even for those who at the last moment will repent and ask for forgiveness: “Father, forgive them, they do not know what they are doing …” (Luke 23:34).

Holy Mother of God, save us!

 

Metropolitan Nahum of Strumica