One day, an elder, praying day and night to God, was honored and God gave him the opportunity to speak to him, and asked him: “Will it be great pleasure for me to find out what Hell and Paradise look like?”
God fulfilled his desire and took the old man to two doors. He opened one of the two doors and let him look inside. In the middle of the room, there was a large round table. In the middle of the table there was a large plate of very tasty fresh food.
The man felt his spit coming up in his mouth …
The people sitting around the table were overly weak, with a purple complexion and a sick look. Everybody was frail and starved. They had spoons with very long handles that were fastened to their hands. All could reach the food in the bowl and take less, but since the handle was longer than their hands, they could not put the food in their mouth, so they were hungry regularly.
The old man stressed himself at the very sight of their misery and their mourning.
God said to him: “He only saw hell.”
Then God and the old man rushed to the second door. God also opened the second door. The sight that the man saw was identical to the previous one. There was a large round table, a large plate filled with delicious food, which again brought saliva into her mouth.
The people around the table also had spoons with long handles, only this time they saw something different, they were well fed and happy and talked to each other happily smiling …
The elder said to God: “I do not understand the Lord?”
“It is simple,” God said. Everything is related to one skill. These because they love each other and are not selfish, they learn to feed each other, while others do not think of anything but themselves. ”
Epilogue: If they had love in hell, they would have thought of the other and would not be selfish, if they acted selflessly, they would not have hunger, his full spoon would feed him to him, and he would feed him.
Father Georgi Mitev
Еден ден, еден старец молејќи се деноноќно на Бога, истиот бил удостоен и Бог му дал можност да поразговара со Него, па го прашал: ‘‘Господе ќе ми биде големо задоволство да дознаам како изгледаат Пеколот и Рајот?‘‘
Бог му ја исполнил желбата и го однел старецот до две врати. Отворил една од двете врати и му дозволил да погледне внатре. На средина од собата, стоела голема тркалезна маса. На средина на масата имало голема чинија со многу вкусна свежа храна.
Човекот осетил како му надоаѓа плунка во устата…
Луѓето кои седеле околу масата биле претерано слаби, со виолетов тен и болен изглед. Сите биле изнемоштени и изгладнети. Имале лажици со многу долги рачки кои биле прицврстени на нивните раце. Сите можеле да ја дофатат храната во чинијата и да земат помалку, но бидејќи рачката била подолга од нивните раце, не можеле да ја стават храната во својата уста, па така редовно останувале гладни.
Старецот се стресол при самата глетка на нивниот јад и нивната жалост.
Бог на тоа му рекол: „Само што го виде Пеколот.“
Потоа Бог и старецот се упатиле кон втората врата. Бог ја отворил и втората врата. Глетката која човекот ја видел била идентична на претходната. Имало голема тркалезна маса, на неа голема чинија преполна со вкусна храна, која повторно му донела плунка во устата.
Луѓето околу масата исто имале лажици со долги рачки, само овој пат видел нешто поразлично, тие биле добро нахранети и среќни и си разговарале меѓусебно задоволно насмевнувајќи се…
Старецот му рекол на Бога: „Не разбирам Господе?“
„Едноставо е – рекол Бог. Сè е поврзано со една вештина. Овие бидејќи имаат љубов еден кон друг и не се себични, научија да се хранат едни со други, додека оние другите не мислат на ништо друго освен на самите себе.“
Епилог: Доколку и кај тие во пеколот би имало љубов, би помислиле на другиот и не би биле себични, ако несебично постапиле, немало да останат гладни, неговата полна лажица ќе го нахрани тој до него, и тој истиот ќе го нахрани него.
отец Ѓорги Митев