Црковно соопштение по повод храмовиот празник и прославата за свети Никола при нашата Македонска православна црковна општина во Перт (Западна Австралија)
Драги Верници, ви соопштуваме на сите дека на 19-ти декември во ВТОРНИК е Свети Никола, храмов празник на нашата Македонска Православна Црква во Перт, токму во чест на Свети Никола идниот вторник на 19-ти декември ке биде отворена нашата Света црква и ќе има Света Литургија и Света Причест.
Додека традиционалната прослава за храмовиот празник на Свети Никола Мирликијскиот Чудотворец ке се одржи идната недела на 17-ти декември, и тоа после Света Богослужба во нашиот Македонски центар во Норт Перт, до самата Црква. По традиција ке има заеднички, посен свети-николски ручек со посен грав за сите верници.
На прославата ќе настапи Културното Уметничко Друштво „Гоце Делчев” со убави ора и песни од сите делови на Македонија.
Во недела, откако ќе заврши Светата Литургија, по традиција ќе го прекршиме и славскиот колач и ќе осветиме вода за здравје и за спасение на сите верници.
Оваа година славскиот колач, виното и пченицата за храмовиот празник на Свети Никола ќе ги приготват нашите верници – кумовите за оваа година: Васил и Рини Алабакови со фамилијата, и на сите нив им го честитаме кумството и им посакуваме Господ Бог да ги дарува со добро здравје и многу добрини во нивната фамилија.
Исто така и на самиот ден на Свети Никола на 19-ти декември ќе биде отворена Светата Црква и ќе има Света и Божествена Литургија и Света Причест за верниците.
По тој повод драги верници нека ни е честит храмовиот празник Свети Никола и дај Боже да си го славиме за многу и многу години.
На крајот би сакале да им ја честитаме домашната слава на сите наши верници кои го слават Свети Никола како чувар на нивниот дом, а исто така им го честитаме и имениот ден на сите славеници кој го носат името на светецот Никола.
Оваа црковно соопштение Ви го доставуваме од името на Црковната управа при нашата Македонска православна црковна општина „Свети Никола“ од Норт Перт, заедно нашиот парохиски свештеник протојереј отец Станко Јовановски.
Со љубов во Христа Бога
Црква Свети Никола
CHURCH ANNOUNCEMENT REGARDING THE CHURCH PATRONAL FEAST OF SAINT NIKOLA AT OUR MACEDONIAN ORTHODOX CHURCH IN PERTH
Dear Parishioners,
The Macedonian Orthodox Church of Saint Nikola would like to announce that on the 19th of December 2017, Tuesday, we celebrate our Church Patron Saint-Saint Nikola.
In honour of Saint Nikola on Tuesday, 19th of December our Holy Church will be open and the Holy Liturgy along with the Holy Communion will be served.
The Holy Liturgy will commence at 9 am. Everyone is welcome.
On this coming Sunday, 17th of December 2017, following the Holy Liturgy, in honour of our Church Patron Saint Nikola, the Wonder-worker, there will be a traditional celebration with lunch served at the Macedonian Community Centre in North Perth opposite the Church. By tradition the lunch will be of a fasting nature : bean soup, prepared by our parishioners .
At this event “KUD Goce Delchev” will be performing with beautiful dances and songs from all parts of Macedonia.
Also on Sunday following the Divine Liturgy , we will break the Celebratory Bread (славскиот колач), and we will sanctify the water for the health and for the salvation of all believers. This year, the Bread, Wine and Wheat for our Church Patronal Feast of St. Nikola will be prepared by our faithful – the Godparents for this year: Vasil and Rini Alabakov and their family. We congratulate them on being Godparents and we wish the Lord our God grant them much good health and happiness in their family.
MOC St. Nikola sends sincere gratitude in advance to the organisers of the St Nikola’s community event.
Dear Faithful, on this occasion, let us all rejoice our Church Patronal Feast of Saint Nikola and God willing may we celebrate it for many years to come.
Finally we would like to congratulate to all that celebrate St Nikola as a protector and patron of their homes and to all celebrants that carry the name of Saint Nikola – happy names day. God willing may they celebrate Saint Nikola for many years together with all of us.
Dear Brothers and Sisters, Happy Saint Nikola – our Church Patron Saint and may God bless every Orthodox Christian home with much health, joy, happiness and all God’s good things in the new 2018 God’s year.
Dear Faithful, we are posting this Church announcement on behalf of the Church committee of our MOC of St Nikola together with our Parish Priest Very Rev. Father Stanko Jovanovski.
With Love in Christ,
Church of St. Nikola
Macedonian Orthodox Church – Ohrid Archbishopric
Diocese of Australia – Sydney
Македонска Православна Црква – Охридска архиепископија
Австралиско – сиднејска епархија
„Saint Nicholas“ – Macedonian Orthodox Church – Perth
Македонска православна црква „Свети Никола“ – Перт
8 Macedonia Place North Perth WA 6006
Reverend / Свештеник
протојереј Станко Јовановски,
архиерејски заменик
e-mail: revstanko@hotmail.com
За официјална ФБ страна на црквата кликни тука
tel: 0408 451 516