Света великомаченичка Недела
Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и бездетни. Со непрестајна молитва испросија од Бога едно чедо, оваа Света Недела. Таа од детството Му се посвети себеси на Бога, воздржувајќи се од сѐ што прават разузданите деца. Кога порасна, прекрасна во телото и во душата, навалија многубројни просци, но таа сите ги одбиваше, велејќи …
Житие на Епископот Велички Гаврил
За светата личност за која се дрзнувам да пишувам, не сум достоен ниту да помислам, а дури и неговото име го носам и го сквернам. Го молам светителот да ми прости, но и да ме благослови и да ми ја просветли мислата успешно да го завршам пишувањето на ова негово кратко житие, како еден мој најмал дар и благодарност кон него. Потекнуваме од ист град, па дури и од исто …
Кратко житие на светиот великомаченик Георгиј Победоносец
Овој славен и победоносен светител беше роден во Кападокија од богати и благочестиви родители. Татко му пострада за Христа, а мајка му се пресели во Палестина. Кога порасна, Георгиј отиде во војска и во својата дваесетта година го стекна чинот трибун и како таков служеше при царот Диоклецијан. Кога овој цар започна страшно гонење на христијаните, Георгиј истапи пред него и одважно исповеда дека е христијанин. Царот го фрли во …
Свети Кипријан Слепченски
Синаксар Во 17от/30от ден од месецот Април спомен празнуваме на светиот свештеномаченик Кипријан, игумен на славната Слепченска обител на чесниот Претеча, кој пострада во оган од нечестивите Агарјани во 1780 г. Во времето кога заради гревовите човечки, Бог допушти Исмаилќаните да завладеат со Балканските земји, една група од нивни арамии ја нападна славната Слепченска обител на чесниот Претеча на Велики четврток во 1780 г. Притоа свирепо го мачеа игуменот Кипријан …
Кратко житие на свети Наум Охридски, чудотворец
И ете, братја, да не остане без спомен, братот (по дух) на блажениот Климент, и содругарот и сострадалникот негов, зошто многу маки претрпе и страданија со него, од еретиците, Наум презвитерот (свештеникот). Кога Климента за епископ го поставија, тогаш благоверниот кнез Симеон го испрати во Кутмичевица собратот негов Наум, на негово место, да учителствува. И тој ототогаш, во благоугоден подвиг продолжи да пребива, дественоста уште од деството запазувајќи ја, па …