СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (учител на православното тајноводство) – Отец Гаврил (Галев)

Секоја градба се заснова на темели, а за да се изгради, таа се потпира на столбови на кои се држи сето здание. Тие носечки столбови за Православната Црква се Светите Отци. Аголниот камен е Христос, темелите се апостолите и нивната проповед, а столбовите – Светите Отци и нивните догматски формулации. Светата Црква има повеќе такви столбови, врз чие учење се држи доктрината на нејзината вероисповед, а за свети Григориј Палама …
СВЕТИ АГАТАНГЕЛ БИТОЛСКИ(12. 03)

Овој македонски светител пострада од Агарјаните во 1727 година. Како што пишува на кивотот во кој денес во Бигорскиот манастир се чува неговата чесна глава, во тој период од нивното петвековно владеење со македонските краишта Агарјаните имале необичен и свиреп обичај за време на тридневното празнување на Бајрам насилно да го преведат во својата исламска вера секој христијанин што ќе го нашле. Во страв и трепет пред нивниот незадржлив гнев …
СВЕТИ МАЧЕНИК ТРИФУН (14. 02)

Роден е во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови. Во тоа време со Римското царство завладеа царот Гордијан, чијашто ќерка слезе од умот и со тоа го фрли царот во голема жалост. Ниеден лекар не можеше да ѝ помогне …
КРАТКИ ЖИТИЈА НА СВЕТИТЕ ТРИ ЕРАРСИ

Светителите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат секој свој посебен ден на празнување. Но овој заеднички празник е востановен во 11 век за време на владеењето на царот Алексиј Комнен. Еднаш однекаде настана расправа меѓу народот околу тоа кој од овие тројца светители е најголем. Едни го воздигнуваа Св. Василиј заради неговата чистота и храброст, други Св. Григориј за недостижната длабочина и висина на умот во богословието; трети …
ЖИТИЕ НА СВЕТИ АПОСТОЛ ТИМОТЕЈ (04. 02)

Еден од Седумдесеттемина апостоли. Роден во Листра Ликаониска од татко Грк и мајка Еврејка. Мајка му и баба му Светиот апостол Павле ги пофалува за нивната нелицемерна вера (2 Тимотеј 1, 4 – 5). Во Листра Тимотеј за првпат се сретна со великиот апостол и самиот беше сведок кога Павле исцели еден човек од раѓање куцоног. Подоцна Тимотеј му беше речиси постојан сопатник на Павле, обиколувајќи ги со него Ахаја, …