ИВАНДЕН ВО ХРАМОТ „СВЕТА ПЕТКА“ ВО РОКДЕЈЛ, СИДНЕЈ (НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС)
На 07. 07. 2024 година, во втората недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Раѓањето на свети Јован Предвесник и Крстител Господов – Иванден, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески во сослужение со свештеникот Александар Ивановски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА ВО ХРАМОТ „СВЕТИ ГЕОРГИЈ И ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО ЕПИНГ
На 16. 06. 2024 година, во 7-тата Недела по Воскресение (на Светите Отци на I Вселенски собор ), кога го празнуваме споменот на светиот маченик Лукилијан и со него: Клавдиј, Ипатиј, Дионисиј и девицата Паула, на светиот свештеномаченик Лукијан и на светиот маченик Димитриј, принц руски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот …
БЕСЕДА ЗА ВОЗНЕСЕНИЕ – ИГУМЕН ГАВРИЛ
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух На денешниот ден го славиме настанот на Христовото возенсението на небесата. [Празникот Вознесение Господово – е ден во кој Господ се вознесе на неботo (Дела. 1, 1-12; Мк. 16, 12-19; Лк. 24, 50-52). Откако Господ Исус Христос се распна на Kрстот за нас, за откуп на нашите гревови и избавување од смртта, во третиот ден воскрена од мртвите. Пропаста (пеколот), не …
ЧЕСТВУВАЊЕ НА СПАСОВДЕН ВО ГОЛД КОСТ
Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со благословот си ги уверил Дека Ти си Син Божји, Избавителот на светот. На 13. 06. 2024 година, кога го празнуваме празникот Вознесение Христово – Спасовден, во црковната општина „Света вмч. Недела“ во Голд Кост, старешината на храмот, јереј Горан Божиновски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ …
СВЕЧЕНА КАНОНИЗАЦИЈА НА ВИШЕНСКИТЕ СВЕТИИ
На 9 јуни 2024, во катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид, со великолепна богослужба беше прославено впишувањето во диптихот на светителите на преподобните Спаса и Спасе Вишенски. На светата архијерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан сослужуваа и високи гости од сестринските православни цркви: Високопреосвештениот Митрополит Старозагорски г. Кипријан од Бугарската православна црква и Преосвештениот Епископ Нишки г. Арсениј …