Бадник во храмот „Свети Јован Крстител“ – Џилонг (Викторија)

На 06. 01. 2018 година, кога го празнуваме споменот на Преподобната маченичка Евгенија и другите со неа и на Преподобен Никола војвода (Бадник), вo црковната општина „Свети Јован Крстител“ – Џилонг, старешината на храмот, протојереј Чедомир Илиевски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

На Бадник во посета на старските домови

На 06. 01. 2018 година, кога го празнуваме споменот на Преподобната маченичка Евгенија и другите со неа и на Преподобен Никола војвода (Бадник), старешината на храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, јерејот Климент Станковски беше во посета на старите и изнемоштените лица, кои престојуваат во старските домови. Тој им ги пренесе Божиќните пораки од Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан.

Божествена литургија во храмот „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 05. 01. 2018, кога Светата Црква го празнува Свети Наум Охридски; Светите десет маченици на Крит; Свети Нифонт Чудотворец, вo црковната општина „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, старешината на храмот, ерејот Роберт Илијевски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Вечерна богослужба во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 05. 01. 2018 година, во предвечерието на кога го празнуваме споменот на Преподобната маченичка Евгенија и другите со неа и на Преподобен Никола војвода, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Вечерна богослужба.  

Прославен празникот свети Наум Охридски во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

 На 05. 01. 2018, кога Светата Црква го празнува Свети Наум Охридски; Светите десет маченици на Крит; Свети Нифонт Чудотворец, , во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија. На Литургијата учество зеде мноштво народ, кој се причести со Светите Христови Тајни.