Мало повечерие и Акатист кон Пресвета Богородица во храмот „Свeти Никола“ во Перт (Западна Австралија)
На 23. 03. 2018, во петокот од петтата седмица на Великиот пост, во предвечерието, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, протојереј Станко Јовановски служеше Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението присуствуваше верниот народ, кој и принесе благодарствени молби на Богомајката. Народот принесе и приноси – петолебие.
ИЗВЕСТУВАЊЕ: МИТРОПОЛИТОТ Г. ТИМОТЕЈ ВО ТРЕТА КАНОНСКА ПОСЕТА НА АВСТРАЛИСКО-СИДНЕЈСКАТА ЕПАРХИЈА
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор на Австралиско – сиднејска православна епархија г. Тимотеј, во придружба на протојереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, ќе ја посетат Австралија во периодот од 27.03.2018 до 22.04.2018. Митрополитот г. Тимотеј заедно со придружниците и парохиските свештеници ќе отслужи свети архиерејски литургии во храмовите, кои што се под негова надлежност и ќе се сретне со некои од Црковните …
Мало повечерие и Акатист кон Пресвета Богородица во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)
На 23. 03. 2018, во петокот од четвртата седмица на Великиот пост, во предвечерието, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Архимандритот Гаврил (Галев) во сослужение старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението присуствуваше верниот народ, кој и принесе благодарствени молби на Богомајката. Народот принесе и приноси – петолебие.
Мало повечерие и Акатист кон Пресвета Богородица во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)
На 23. 03. 2018, во петокот од петтата седмица на Великиот пост, во предвечерието, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението присуствуваше верниот народ, кој и принесе благодарствени молби на Богомајката. Народот принесе и приноси – петолебие.
Литургија на Претходно-осветени дарови во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)
На 23. 03. 2018, во петокот од петтата недела на Великиот пост, кога Светата Црква го слави споменот на Светиот маченик Кодрат Коринтски и другите со него; Светиот маченик Кодрат Никомидиски; Преподобната мајка Анастасија; (Акатист), во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Литургија на Претходно-осветени дарови. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.