СВЕТИ ВМЧ. ГЕОРГИЈ, ПРЕП АЛИМПИЈ СТОЛПНИК И ПРЕП. СТИЛИЈАН
На 09. 12 .2018 година, во 28 – та Недела по Педесетница, кога Црквата си спомнува за св. вмч. Георгиј Победоносец, преп. Алимпиј Столпник и на преп. Стилијан , молитвено беше прославен нивниот спомен во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, со Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ И СВ. КЛИМЕНТ ПАПА РИМСКИ
Твојот храм, Клименте, е лекарство за душите, а гробот твој е извор на исцеленија за телата; правот е камшик за бесовите, што многу ги измачува, а славниот лик на твоето тело е утеха на ожалостените. (стихира на Господи повикав на Вечерната на Св. Климент Охридски) На 08. 02. 2018 година, кога го чествуваме патронот и Пастирот на нашата Македонска православна црква – Охридска архиепископија, великиот Охридски чудотворец – Свети …
ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА – ПРЕЧИСТА
Пречистиот храм Спасителов, скопоцената свадбена одаја и Дева, свештената ризница на славата Божја, денес во домот Господов се воведува, со себе и благодатта на Светиот Дух воведувајќи ја; ангелите, пак, Божји пеат: Таа е небесната скинија. (Кондак на Воведение, глас 4) На 04. 12 . 2018 година, кога го чествуваме празникот Воведение на Пресветата Владичица наша Богородица – Пречиста, во црквата „Св. Петка“ – Рокдајл, од страна на парохискиот свештеник …
27 НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА
На 02. 12 .2018 година, во 27 – та Недела по Педесетница, кога Црквата си спомнува за светиот пророк Авидј, светите Варлаам и Јоасаф и на преподобниот Порфириј Кавсокаливит, молитвено беше прославен нивниот спомен во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија со Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
26 НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА
На 25. 11 .2018 година, во 26 – та Недела по Педесетница, кога Црквата си спомнува за светиот Јован Милостив, преподобниот Нил Мироточив и светиот пророк Ахиј , во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија се отслужија Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.