НЕДЕЛА НА СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА

На православието светилнику, на Црквата тврдино и учителу, на монасите украсу, на богословите непобедлив заштитнику, Григорие чудотворче, солунска похвало, на благодатта проповеднику, моли се секогаш да се спасат душите наши. (Тропар на Св. Григориј Палама, глас 8) На 24. 03. 2019 година, во Неделата од втората седмица на Великиот пост – Недела на свети Григориј Палама, кога го прославуваме споменот на светиот Софрониј Ерусалимски и светиот маченик Пиониј, во храмовите …

ВТОР АКАТИСТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Тебе, Богородице, поборнице војвотко, ние твоите слуги, од злото избавени, победна и благодарствена песна ти пееме: Како онаа што имаш сила непобедлива, од секакви неволи ослободи нè, за да ти викаме: Радуј се, Невесто неневесна! (Кондак, глас 8) На 22. 03. 2019 година, во вториот петок од Великиот пост, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, во вечерните часови, беше отслужено Мало повечерие со Втората статија од Акатистот на Пресвета …

НЕДЕЛА НА ПРАВОСЛАВИЕТО

Денешниов ден е полн со радост и веселба, зашто блеска светлината на вистинските догмати, и свети Црквата Христова, украсена сега со враќањето на светите икони, и меѓу верниците владее богодостојно едномислие. (Хвалитна стихира на Утрена во Недела од прва седмица на Великиот пост) На 17. 03. 2019 година, во Неделата од првата седмица на Великиот пост – Недела на православието, кога го прославуваме споменот на преподобниот Герасим Јордански и светиот …

ТОДОРОВА САБОТА

Колку се совршени делата на верата! Светиот маченик Теодор, во огнената печка, се радуваше како во води на спокој, зашто, кога во огнот изгоре, како сладок леб на Света Троица ѝ се принесе. По неговите молитви, Христе Боже, спаси ги душите наши. (Тропар на свети Теодор Тирон, глас 2.) На 16. 03. 2019 година, во првата Сабота од Великиот пост, посветена на споменот на светиот великомаченик Теодор Тирон, во храмовите на Австралиско …

МАЛО ПОВЕЧЕРИЕ СО АКАТИСТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

„Радувај се, Пречиста Владичице, очистилиште на светот. Радувај се, лествице, која со благодатта ги издигнуваш сите од земјата. Радувај се, мосту, кој навистина ги преведуваш од смртта кон животот, сите што тебе ти пеат“ (песна од Канонот на Акатист на Пресвета Богородица) На 15.03.2019 година,во првиот петок од Великиот пост, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, во вечерните часови, беше отслужено Мало повечерие со Првата статија од Акатистот на …