МАЛО ПОВЕЧЕРИЕ И АКАТИСТ ВО ХРАМОТ „СВЕТИ ГЕОРГИЈ И ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО ЕПИНГ

На 05. 04. 2024 година, во третиот петок од Великиот пост, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јереј Климент Станковски отслужи Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица.

МАЛО ПОВЕЧЕРИЕ И АКАТИСТ ВО ХРАМОТ „СВЕТА ПЕТКА“ ВО РОКДЕЈЛ, СИДНЕЈ (НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС)

На 05. 04. 2024 година, во третиот петок од Великиот пост, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески отслужи Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица.

БEСЕДА ЗА ВТОРАТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ: НА СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА – МИТРОПОЛИТ Г. ТИМОТЕЈ

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!   Драги браќа и сестри!   Денес светата Православна Црква го прославува споменот на свети Григориј Палама. Црквата го нарекува   чудотворец и светилник на православието, тврдина и учител на црквата, непобедлив богослов над богословите, пофалба на солунјаните,  благодатен поборник и молитвеник пред Бога за нашите прегрешенија – воопшто црквата  немала доволно зборови да го опише неговиот свет и благоугоден живот, и …

ВТОРА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ ВО ХРАМОТ „СВЕТА ВМЧ. НЕДЕЛА“ ВО ГОЛД КОСТ, КВИНЗЛЕНД

На 31.03. 2024 година,  во Втората недела од Великиот пост – посветена на свети Григориј Палама, Солунскиот чудотворец, кога се празнува споменот на Свети Кирил, архиепископ Ерусалимски и на Свети Анин Чудотворец;, во црковната општина „Света вмч. Недела“ во Голд Кост, старешината на храмот јерејот Горан Божиновски отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите …

СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (учител на православното тајноводство) – Отец Гаврил (Галев)

Секоја градба се заснова на темели, а за да се изгради, таа се потпира на столбови на кои се држи сето здание. Тие носечки столбови за Православната Црква се Светите Отци. Аголниот  камен е Христос, темелите се апостолите и нивната проповед, а столбовите – Светите Отци и нивните догматски формулации. Светата Црква има повеќе такви столбови, врз чие учење се држи доктрината на нејзината вероисповед, а за свети Григориј Палама …