КАКОВ Е НАШИОТ КРСТ ВО ЖИВОТОТ

Во средината на Великиот пост светата Црква нè повикува на поклонување на чесниот крст Господов. Постот е време за духовни подвизи, за самоиспитување, за покајание и за духовен живот. „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене“ (Мк. 8:34). Така им рекол Христос на Своите ученици и на народот кој бил собран околу Него. Спасителот никого …
КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА ВО ПЕРТ / SUNDAY OF THE VENERATION OF THE CROSS IN PERTH

На 23-ти март 2025 година, трета недела од Великиот Пост – Крстопоклона Недела, кога го чествувавме споменот на Св. Кодрат Коринтски и Преподобна Анастасија, во нашата МПЦ-ОА „Свети Никола“ во Перт се отслужи Света Боженствена Литургија на која верните се причестија со Светите Христови Дарови. Светата Божествена Литургија ја отслужија нашиот парохиски свештеник протојереј-ставрофор отец Станко Јовановки заедно со протоереј-ставрофор отец Милорад, свештеник на Српската Православна Црква. На Светата Боженствена …
КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА ВО КИНГ ЛЕЈК / SUNDAY OF THE VENERATION OF THE CROSS IN KINGLAKE

На 23. 03. 2025 година, во Третата недела од Великиот пост – Недела Крстопоклона, кога го празнуваме споменот на св. Маченик Кондрат Корински и другите со него; на св. мч. Кондрат Никодимиски и на преп. мајка Анастасија, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија), игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) отслужи Света Василиева Литургија. За време на богослужението беше изнесен Чесниот крст и верниот народ се …
БЕСЕДА ЗА КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА – МИТРОПОЛИТ ТИМОТЕЈ / SERMON FOR SUNDAY OF ADORATION OF THE CROSS – METROPOLITAN TIMOTHY

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух! Драги браќа и сестри, Оваа недела, која преставува средина на Великата Четириесетница, уште се нарекува Крстопоклона недела, затоа што за време на Утрената, светиот Крст се изнесува на поклонение насреде црква. Во Светото писмо, нашиот Спасител, Господ Исус Христос, вели: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди …
НА МЛАДЕНЦИ ОТСЛУЖЕНА ЗАУПОКОЕНА ЛИТУРГИЈА ВО КВИНБИЈАН / MEMORIAL LITURGY SERVED IN QUEANBEYAN ON MLADENCI

НА МЛАДЕНЦИ ОТСЛУЖЕНА ЗАУПОКОЕНА ЛИТУРГИЈА ВО КВИНБИЈАН На 22. 03. 2025 година, кога Светата Црква ги празнува Светите четириесет маченици во Севастија – Младенци и светите славни Четириесет битолски преподобномаченици;, во црковната општина „Свети пророк Илија“ во Квинбијан, протојерејот Томе Младеновски отслужи Света Заупокоена литургија за покој на душите на трагично загинатите во Кочанската трагедија. На Литургијата, учество зеде верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести …