СВЕТА ЛИТУРГИЈА ВО ГОЛД КОСТ НА ПРАЗНИКОТ ИСТОЧЕН ПЕТОК – БАЛАКЛИЈА
На 10. 05. 2024 година, кога го празнуваме споменот на , а воедно и празникот Источен Петок – Балаклија, во црковната општина „Света вмч. Недела“ во Голд Кост, старешината на храмот, јереј Горан Божиновски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
ИСТОЧЕН ПЕТОК – БАЛАКЛИЈА
Во Цариград во V век, во близина на таканаречената „Златна Порта“ постоело место полно со кипариси и чинари, уште одамна посветено на Пресвета Богородица. Во шумичката постоел извор, исто така одамна познат како источник на чуда. Со текот на времето местото обраснало со грмушки, а водата исчезнала во калта. Само влажноста на земјиштето навестувала дека постои извор. Еднаш војникот Лав Маркел минувајќи низ тоа место наишол на беспомошен патник, слеп …
ВТОР ДЕН ВЕЛИГДЕН И ЃУРЃОВДЕН ВО ЕПИНГ
На 06. 05. 2024 година, втор ден Велигден, кога Светата црква го празнува споменот на светиот вмч. Георгиј – Ѓурѓовден, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, отец Гаврил (Галев), игумен на манастирот во Кинг Лејк и старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Засилиева Литургија со што беше прославена храмовата слава на храмот. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
ВЕЛИГДЕН ВО МАНАСТИРОТ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО КИНГ ЛЕЈК
Thy Resurrection, O Christ Saviour, the angels hymn in the heavens; vouchsafe also us on earth with pure hearts to glorify Thee. Repeatedly. Воскресението Твое Христе Боже, ангелите го пејат на небесата, и нас на земјата, удостој не со чисто срце, тебе да те славиме! На 05. 05. 2024 година, манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отец Гаврил (Галев) го објави светлото Христово Воскресение и …
ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО ВО ХРАМОТ „СВЕТИ НИКОЛА“ ВО ПЕРТ (ЗАПАДНА АВСТРАЛИЈА)
Во Светата и сесветла ноќ на Воскресението, во тоа триумфално торжество за победата над смртта, живоносниот блесокот од празниот Гроб во Ерусалим ја озарува сета вселена со зраците на невечерниот, осми ден на Царството Христово. Тој блесок го осветлува и радува целото создание, видливо и невидливо, „небото, и земјата, и преисподната На 05. 05. 2024 година, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот протојереј-ставрофор Станко Јовановски …