Повечерие и веронаука во црковната општина„Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)
На 14.03. 2017 година (вторник), кога се празнува споменот на преподобната маченичка Евдокија; преподобен Агапиј и на преподобната маченичка Антонина во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг се одржа повечерие и час по веронаука од страна на игуменот Гаврил (Галев), протојереј – ставрофор Ефтим Бетински и јерејот Климент Станковски, старешина на храмот. На предавањето присуствуваше голем број на верен народ.
Пресвета Богородица Скоропослушница ја посети Струмица и целата нашата Татковина
За тебе се радува, Благодатна, сета твар; ангелскиот собот и човечкиот род! И како би можеле да не се радуваат земните и небесните кога Твојата појава, Пречиста, насекаде причинува радост наднебесна?! Ете, со какви умешни и благодарствени слова би можеле ние, најмалите и недостојните, да ја искажеме сета онаа радоста сесвештена што денес Ти, Преславна, ја приреди за градот Струмица и за Татковината наша? Оти, со Твојата икона света, наречена …
Втора недела од Великиот пост во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)
На 12.03. 2017 година, во Втората Недела од Великиот пост – посветена на свети Григориј Палама, Солунскиот чудотворец, кога се празнува споменот на преподобниот Прокопиј Декаполит и на свети Агатангел Битолски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите …
Втора недела од Великиот пост во соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Сиденхам, Мелбурн (Викторија)
На 12.03. 2017 година, во Втората Недела од Великиот пост – посветена на свети Григориј Палама, Солунскиот чудотворец, кога се празнува споменот на преподобниот Прокопиј Декаполит и на свети Агатангел Битолски, во црковната општина „Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.
Посета на Романскиот митрополит г. Михаил за Австралија и Нов Зеланд на црковната општина„Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг и на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)
Со благослов на нашиот надлежен епархиски архиереј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј, на 25.02. 2017 година (сабота), кога се празнува споменот на свети Мелетиј, архиепископ Антиохиски; свети Алексиј, митрополит Московски; преподобна Маријa; свети Антониј, патријарх Цариградски и света Калија, црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг и манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, беа удостоени со посета од Митрополитот …