Години потпрени врз векови

† СТЕФАН, Архиепископ охридски и македонски Господ Исус Христос го победи светот иго основа Своето Царство – Црквата, за која рече дека портите на адот нема да ја надвладеат .Со тоа вети дека таа, како Негово Царство – ќебиде вечна. Црквата е икона на својот Владетел и Негово вечно почивалиште. Во тоа Царство на Бог Троица, се извршува нашето спасение, нашето осветување и преобразување, нашето обожување. Црквата е домот на …
Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 01. 10. 2017 година, во 17-тата недела по Педесетница кога го празнуваме празникот Собор на сите македонски светители, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Централна прослава во Охрид по повод големиот и значаен јубилеј: „50 години возобновена автокефалност на Охридската архиепископија како Македонска Православна Црква“

„…Но печалната и мрачна пустиња ми изгледаше светол, радостен, земен рај, кога низ умо ми минуваше во каква состојба се наоѓа мојата татковина, а посебно мојата Струмица, како ги гледаш нашите попови до еден како служат на грчки, а не знаат ниту една грчка буква: ги гледаш во црквата како зборуваат „кириелејсон“ а пак не знаат што зборуваат, а за другите заблуди од таквите простотии да не зборувам, бидејќи не …
Беседа на Митрополит г. Агатангел по повод големиот јубилеј: „50 години возобновена Охридска архиепископија како Македонска Православна Црква“

Ваше Блаженство, Ваши Високипреосвештенства, Ваше Преосвештенство, почитувано, чесно и богољубиво свештенство и монаштво, драги браќа и сестри… Долг, трновит и полн со искушенија бил историскиот пат на македонскиот народ во остварувањето на вековниот идеал за национална независност и црковна автокефалност. Бројни биле жртвите и житејските откажувања на нашите славни предци и духовни првенци, при нивната упорна и трпелива борба против тиранијата и отфрлувањето на цврстиот јарем на ропството и …
Божествена литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 01. 10. 2017 година, во 17-тата недела по Педесетница кога го празнуваме празникот Собор на сите македонски светители, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) во сослужение на протојерејот Александар Ивановски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.